- Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица, без разлика дали се домашни или странски.
- За пристапот до информациите од јавен карактер на УЈП потребно е да поднесете усно, писмено или барање во електронска и друга форма, до имателот на информацијата - Управа за јавни приходи.
- Барањето испратете го до службеното лице на УЈП надлежно за постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер:
УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
Генерална дирекција Скопје
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Службено лице: Маја Саздовска
е-пошта: Maja.Sazdovska@ujp.gov.mk