Управата за јавни приходи од 25.05.2023 година има потпишано и усвоено Политика на интегритет, со која се има обврзано за воведување, примена и имплементација на системот за интегритет, преку почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права.
Во оваа насока, Управата за јавни приходи прави цврсти заложби за доследна примена на стандардите за интегритет, а сето тоа во насока на законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работите, со цел да се елиминираат ризиците од корупција, а службените лица да го зачуваат својот углед и угледот на институцијата, со што ќе се обезбеди довербата на граѓаните во работата на институцијата.
Акти, документи и информации поврзани со системот на интегритет:
- Политика на интегритет
- Назначени лица за интегритет во УЈП
- Кодекс на однесување на вработените во УЈП
- Упатство за анти-коруптивно однесување на вработените во УЈП
- Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор
- Овластено лице за заштитено внатрешно пријавување во УЈП
- Процедура за работи и дејности кои се во судир со службените должности и за надворешно работно ангажирање на вработените во УЈП
- Процедура за користење на службените возила на УЈП
- Процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки во УЈП
- Годишен план за спречување и борба против корупција (2022, 2023)
Пријавување на непрофесионално однесување и неправилности сторени од вработени во УЈП на: info@ujp.gov.mk, со поднесување на пријава/претставка по пошта или директно до писарница на УЈП или пријавување на телефонската линија 198.