Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат по потреба

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријавии плаќање на даноците во законски предвидените рокови.
Во календарот даден е преглед на роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава и да извршите плаќање по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава или да се изврши плаќање на данокот е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат по потреба и барање на обврзникот
Рок Образец Даночен обврзник Опис
по барање на нерезидент   Б-ППД/ПЛ Правно лице – нерезидент УЈП издава потврда за платениот данок во РСМ за правно лице - нерезидент по претходно поднесено Барање (образец “Б-ППД/ПЛ“), согласно член 23 став 4 од Законот за данокот на добивка.
по барање на нерезидент   Б-ППД/ФЛ Физичко лице – нерезидент УЈП издава потврда за платениот данок во РСМ за физичко лице - нерезидент по претходно поднесено Барање (образец “Б-ППД/ФЛ“), согласно член 83 став 2 од Законот за данокот на личен доход.
по барање на нерезидент   ДДВ-01/СЛ-ДЗ нерезиденти Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност за странско лице преку даночен застапник задолжително ја поднесува странско лице коe нема седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно Законот за данокот на додадена вредност. Обврската за регистрација странското лице треба да ја исполни пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет на територијата на РСМ. При регистрација не се зема во предвид вкупниот промет од 2 милиони денари пропишан во членот 51 ставот (1) од Законот за данокот на додадена вредност. Пријавата за регистрација се доставува од страна на странското лице или од лице овластено од него, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето/живеалиштето на лицето кое е назначено како даночен застапник.
по барање на судови   БИИ/ОС Судови Врз основа на поднесено барање “БИИ/ОС“ од страна на судовите, УЈП издава Известување за регистрациони податоци за лице за кое се бараат податоци.
по исполнувaње на условите за поврзување како еден ДДВ обврзник   ДДВ-01/ПЛ Овластени подносители, во име на даночен обрзник (правно лице/вршител на дејност) Доколку сакате доброволно да се регистрирате како поврзано лице за ДДВ, заради вашата сопственичка, организациска или управувачка поврзаност, со поднесување на образец ДДВ-01/ПЛ”.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/АП Примател на приход (странско правно лице) Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на приходот од авторски права може да поднесе образец “ЗД-В/АП”. За секое враќање на данок на приходот од авторски права се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ПДР Домашно или странско физичко лице резидент на РСМ (остварувач на доход од странство) Доколку домашно или странско физичко лице резидент на РСМ остварува доход во странство на кој се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно изземање или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РСМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање за издавање потврда за даночен резидент (образец "Б-ПДР"), според местото на живеалиште односно престојувалише на резидентот. Врз основа на ова барање, Управата за јавни приходи издава Потврда за даночен резидент.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ВД/ВД Физичко лице - нерезидент на РСМ Во случаите кога е наплатен данок на доход кој согласно меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување е ослободен или во однос на истиот се применува пониска даночна стапка, се поднесува Барање (образец “Б-ВД/ВД“).
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/ДИ Примател на приход (странско правно лице) Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на дивиденда во определениот рок може да поднесе образец “ЗД-В/ДИ”. За секое враќање на данок на дивиденда се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/ДП Примател на приход (странско правно лице) Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на другите приходи може во определениот рок поднесе образец “ЗД-В/ДП”. За секое враќање на данок на другите приходи се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-ДО Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РСМ), во име и за сметка на странското правно лице. Доколку странско правно лице остварува приходи во РСМ за кои согласно за одбегнување на двојното оданочување се применува 0% даночна стапка, може наместо обрасците ЗД-О/ДИ, ЗД-О/КА, ЗД-О/АП, ЗД-0/ДП да поднесе пополнет образец “ЗД-ДО” со прилог Потврда за резидентност издадена од надлежен даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УД-3.2-20/1 Фирми За цели на електронско потпишување на Месечната пресметка за интегрирана наплата, поднесете Барање за код за идентификација за интегрирана наплата(образец УЈП-УД-3.2-20/1) до Управата за јавни приходи.
по потреба на даночниот обврзник   Б/УПД Физичко лице, Самостоен вршител на дејност или Правно лице По претходно поднесено Барање (образец Б/УПД), УЈП издава Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки (платени/неплатени обврски - тековна состојба или за конкретен период). Само во случај кога Барањето (образец Б/УПД) се поднесува по основ на „Пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ)“, УЈП издава Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-В/КА Примател на приход (странско правно лице) За примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно за враќање на повеќе платен данок, примателот на камата во определениот рок може да поднесе образец “ЗД-В/КА”. За секое враќање на данок на камата се поднесува ново барање.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-42/1 Странско правно или физичко лице За издавање на потврда за дадена донација или дадено спонзорство во РС Македонија, за остварување на даночно поттикнување за данок на добивка во вашата земја, поднесете барање (образец УЈП-УН-З.2-42).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-37/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) За издавање на даночна картица за одделен вид на данок, од евиденциите на Управата за јавни приходи, поднесете барање (образец УЈП-УН-3.2-37).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-40/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку имате извршено уплата на данок на погрешна уплатна сметка и приходна шифра, несоодветна за тој вид на данок, може да поднесете барање (образец УЈП-УН-З.2-40) за пренасочување на уплатата од погрешната на точната уплатна сметка.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-38/1 Правно лице и самостоен вршител на дејност Доколку имате повеќе платен данок по еден основ и даночен долг по друг основ (доспеан за плаќање), поднесете Барање за пребивање на даночниот долг со повеќе платениот данок (образец УЈП-УН-З.2-38).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-39/2 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку имате платено поголем износ на данок од оној утврден во решението или во поднесената даночна пријава, доколку сте платиле данок по грешка иако не сте биле обврзан за тоа, доколку сте платиле одреден износ на данок но подоцна сте ослободени од обврската за плаќање на истиот, поднесете барање (образец УЈП-УН-З.2-39) за поврат на повеќе/погрешно платен данок.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ВД/КД Физичко лице - нерезидент на РСМ Во случаите кога е наплатен данок на доход кој согласно меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување е ослободен или во однос на истиот се применува пониска даночна стапка, се поднесува Барање (образец “Б-ВД/КД“).
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УН-З.2-41/1 Обврзникот за пресметка и уплата и обврзник за плаќање на придонеси и ДЛД од плата Барање за поврат на повеќе уплатени средства и данокот на доход се поднесува во следните случаи: погрешка пресметан и уплатен придонес и данок на доход за обврзник за плаќање кој повеќе не работи кај обврзникот за пресметка и уплата; поднесена исправка на МПИН преку “вид на обврска 103“ за еден обврзник за плаќање; за два пати платен придонес и данок на доход врз основа на еден ист фолио број; кога нема одбивање на аконтациите при конечната пресметка; и кога погрешно платениот придонес и данок на доход произлегува од направена грешка на банката.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/ДИ Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РСМ), во име и за сметка на странското правно лице. За примена на даночно ослободување или пониска стапка одредена во меѓународен договор за одбегнување на двојно оданочување, остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на дивидендата пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/ДИ”, потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/КА Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РСМ), во име и за сметка на странското правно лице. За примена на даночно ослободување или пониска стапка одредена во меѓународен договор за одбегнување на двојно оданочување, остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на камата пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/КА” потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/АП Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РСМ), во име и за сметка на странското правно лице. За примена на даночно ослободување или пониска стапка одредена во меѓународен договор за одбегнување на двојно оданочување, остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на авторскиот надоместок пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/АП” потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   БПП-ИС/ДПФ Граѓанин Физичкo лицe - член на доброволен пензиски фонд кои уплатил сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени, односно средствата уплатени на негова индивидуална сметка од физичко лице се претходно оданочени, имаат право на поврат на данокот на личен доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд, со поднесување на барање “БПП-ИС/ДПФ“.
по потреба на даночниот обврзник   Б/УОД Физичко лице и Лице кое остварува доход од самостојна дејност Управата за јавни приходи издава уверение за состојба на остварен доход за период до една календарска година на даночен обврзник на данокот на личен доход (физичко лице или лице кое остварува доход од самостојна дејност) по претходно поднесено Барање (образец Б/УОД)
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-ПР-З.2-16/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) За добивање препис на даночен акт, поднесете Барање (образец УЈП-ПР-З.2-16).
по потреба на даночниот обврзник   Б/ПС-РДО Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) За добивање потврда за статус на регистрација на даночен обврзник (регистриран даночен обврзник - доделен Даночен идентификационен број; нерегистриран даночен обврзник - не поседува Даночен идентификационен број; регистриран ДДВ обврзник; нерегистриран ДДВ обврзник; или друг вид на статус на регистрација на даночен обврзник), поднесете Барање (образец Б/ПС-РДО) до Управата за јавни приходи.
по потреба на даночниот обврзник   ДДВ-ПЕФ-ДО ДДВ обврзник Даночниот обврзник - вршител на прометот пред да ја издаде Фактурата за промет ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност, мора да го пријави прометот и да поднесе Пријава “ДДВ-ПЕФ-ДО“ во Управата за јавни приходи по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk
по потреба на даночниот обврзник   Б-ИДД Физичко лице - нерезидент на РСМ (остварувач на приходи во РСМ) Доколку физичкото лице (примател на доход) е даночен резидент на странска држава, а остварува доход во РСМ на кои се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно изземање од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ/РСМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање (образец "Б-ИДД") заедно со Потврдата за даночен резидент од надлежен даночен орган од странство.
по потреба на даночниот обврзник   ЗД-О/ДП Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РСМ), во име и за сметка на странското правно лице. За примена на пониска даночна стапка односно нулта стапката утврдена со меѓународен договор за одбегнување на двојно оданочување по основ на “други приходи“, остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на другите приходи пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/ДП” потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство.
по потреба на даночниот обврзник   Б-ИДД/ВП Физичко лице - нерезидент на РСМ (остварувач на приходи во РСМ) Доколку физичкото лице - примател на доходот е даночен резидент на странска држава, а остварува доход во РСМ на кои се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно изземање или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ/РСМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање (образец "Б-ИДД/ВП").
по потреба на даночниот обврзник   Б-ПДР/ПЛ Домашно или странско правно лице со постојана деловна единица во РСМ (остварувач на приходи од странство) Доколку домашно или странско правно лице со постојана деловна единица во РСМ остварува приходи во странство на кои се задржува данок, а заради остварување на правото на даночно изземање или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РСМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање за издавање потврда за даночен резидент (образец "Б-ПДР/ПЛ"), според седиштето на резидентот. Врз основа на ова барање, Управата за јавни приходи издава Потврда за даночен резидент.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УД-З.2-21/3 Овластен производител на фискален систем на опрема За одобрување на производство и користење на фискален систем на опрема, домашните правни лица - баратели на дозволата, потребно е преку Управата за јавни приходи до Министерството за финансии да достават Барање за одобрување на производство и користење на фискален систем на опрема УЈП-УД-З.2-21, како и потребната документација во прилог кон барањето.
по потреба на даночниот обврзник   УЈП-УД-З.2-12/2 Овластен сервисер Во случаите кога има дефект на фискалниот систем на опрема, овластениот сервисер поднесува Пријава за дефект на фискалниот систем на опрема(образец УЈП-УД-З.2-12), до надлежната даночна канцеларија на УЈП, заради техничко одржување или сервисирање на апаратот.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-29/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку даночниот обврзник врши одложено плаќање на даночниот долг истиот може да поднесе Барање за замена на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночниот долг (образец УЈП-ПН-3.2-29) до УЈП, по вид и висина, во согласност со членот 111-в од закон, соодветно на износот на преостанатиот одобрен даночен долг.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-28/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку на даночниот обврзник извршувањето на даночните обврски би му го нарушило процесот на неговото деловно работење, му претставува значително оптоварување и/или со плаќањето се нанесува битна штета истиот може да поднесе Барање за одлагање на плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-3.2-28) до УЈП. Плаќањето на даночниот долг може да се одложи за определен рок во еднократен износ или на рати, но не повеќе од 36 месечни рати.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ДИ-З.2-50/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку постојат околности коишто ја доведуваат во прашање објективност и непристрасност на службеното лице овластено да решава или да извршува одредени дејствија во даночна постапка по предметот во кој е странка, сопственик, сообврзник, полномошник, законски застапник и припадник, можете да поднесете Барање за изземање на службено лице УЈП-ДИ-3.2-50.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-30/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку на даночиот обврзник му е донесено решение за одложено плаќање на даночен долг на рати, истиот може да поднесе Барање (образец УЈП-ПН-3.2-30) до УЈП за бришење на залогот воспоставен во постапка на присилна наплата, доколку приложи гаранција која во целост го обезбедува даночниот долг. Бришењето на залогот ќе се изврши по истекот на 90 дена од правосилноста на решението за одобрено плаќање на даночниот долг на рати.
по потреба на даночниот обврзник     УЈП-ПН-З.2-27/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку даночниот обврзник врши одложено плаќање на даночниот долг, во рокот одобрен за одложено плаќање, истиот може да поднесе Барање за промена на бројот на преостанати рати кај одложено плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-3.2-27), меѓутоа не повеќе од бројот на рати кој се одобрува согласно член 111-г став 1.
при покривање на загуби од акумулираните добивки (остварени во 2009 до 2013 година)   ДД-ПЗ Правно лице Доколку вршите покривање на загубите од акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година, имате обврска да пресметате и платите данок на добивка и да поднесете образец „ДД-ПЗ“ - Пресметка на данок на добивка за покривањена загуба од акумулирана добивка, во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
при пренос на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) во акумулирана добивка   ДД-РВ Правно лице Доколку имате искажано ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) за материјални и нематеријални средства, намалени за пресметаната амортизација на ревалоризираната вредност на средствата за период од 1 јануари 2019 година до денот кога средството е повлечено од употреба или отуѓено, при преносот на истите во акумулирана добивка имате обврска да пресметате и платите данок на добивка на образецот “ДД-РВ“.
при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на даночен обврзник и донаторски проект   УЈП-РДО Правни и физички лица и сите други форми на делување За лицата (регистриран донаторски проект во Владата на РСМ, верско службено лице, странско физичко лице и странско правно лице) кои немаат обврска да се регистрираат во еден од основните регистри, регистрирањето за даночни цели и доделувањето на ЕДБ се врши директно во УЈП со поднесување на образец “УЈП- РДО”. *Образецот се поднесува и кога вршите промена на податоци и во случај кога престанувате со вршење на дејност, а претходно сте биле регистрирани во УЈП со истиот образец.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија