Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Годишен данок на вкупен приход

Оданочување на вкупниот приход -
“Поедноставен даночен режим за Трговски друштва“


Примена на “поедноставениот даночен режим за трговски друштва“

Трговските друштва кои ги исполнуваат условите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход и кои оствариле вкупeн приход во годината за која се утврдува данокот од кој било извор од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво, можат да се определат да пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход во согласност со одредбите од Глава VII “Поедноставен даночен режим за трговски друштва“ од Законот за данокот на добивка, наместо да плаќаат данок на добивка.

Трговските друштва одбраниот модел/режим на оданочување не може да го менуваат во наредните три години вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход, доколку во наредните три години остваруваат вкупен приход од 3.000.001 денари до 6.000.000 денари на годишно ниво.

Не се оданочуваат со годишен данок на вкупен приход трговските друштва кои извршуваат: банкарска, финансиска, осигурителна дејност, како и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри, без оглед на висината на остварениот вкупен приход.

Даночно ослободување

Трговските друштва кои ги исполнуваат условите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход и чиј вкупен приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор не го надминува износот од 3.000.000 денари на годишно ниво, се ослободени од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход.

Основа за годишен данок на вкупен приход

Годишниот данок на вкупен приход се пресметува врз основа на остварениот вкупен приход по сите основи (приходи од работењето, финансиски приходи, удел во добивката на придружените друштва), во деловната година за која данокот се утврдува. Под деловна година се подразбира календарска година.

Стапка по која се пресметува и плаќа годишниот данок на вкупен приход

Данокот на вкупен приход се пресметува во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во Годишната сметка и финансиските извештаи според одредбите од Законот за трговските друштва, за деловната година за која се утврдува данокот.

Начин и период во кој се врши евидентирање на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход

Трговските друштва кои ги исполнуваат условите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, Управата за јавни приходи ги евидентира во регистар на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход.
УЈП евидентирањето го врши врз основа на податоците за искажаниот вкупен приход во Билансот на успех кон годишната сметка и финансиските извештаи според одредбите од Законот за трговските друштва, за деловната година за која се утврдува данокот.

Утврдувањето на данокот на вкупен приход се врши со самооданочување врз основа на Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“) кој се доставува до УЈП во рокот пропишан за поднесување на годишна сметка согласно со Законот за трговски друштва и прописите за сметководство, односно до 28/29 февруари во годината што следи по годината за која се врши оданочувањето. За даночните обврзници кои Годишната сметка до Централен регистар на РСМ ја доставиле електронски, рокот за доставување е до 15 март.

Обврска за доставување на образецот ДБ-ВП до УЈП имаат и трговските друштва кои се ослободени од плаќање на годишниот данок на вкупен приход (чиј вкупен приход не го надминува износот од 3.000.000 денари).
Плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот.

 

Бришење од евиденцијата на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход

Трговските друштва се бришат од евиденцијата на даночни обврзници коишто пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход, ако:

  • Управата за јавни приходи при прегледот на годишните сметки и работните книги на трговското друштво, утврди дека истиот не ги исполнува условите од законот, односно доколку остварениот вкупен приход во годината за која се утврдува данокот е поголем од максималниот износ односно е поголем од 6.000.000 денари. Во овој случај трговското друштво е должно да плати данок на добивка, а платениот данок на вкупен приход ќе се смета како аконтација на данокот на добивка;
  • Управата за јавни приходи утврди дека се работи за поврзани субјекти кои што остваруваат значаен меѓусебен промет, по цени кои се разликуваат од цените кои што се воспоставени со неповрзани субјекти, со цел да се постигне намалено плаќање на данокот; и
  • Управата за јавни приходи утврди дека трговското друштво превзема обврски и искажува расходи кои се однесуваат на работењето со поврзано лице.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија