Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за продолжување на рокот за поднесување на даночна пријава
Кратко име: УЈП-УН-З.2-60/1
Тип на данок: Сите јавни давачки

Обврзникот може да поднесе Барање за продолжување на рокот за поднесување на даночна пријава УЈП-УН-З.2-60. Барањето образложено, со соодветни докази за причините поради кои се бара продолжување на рокот мора да биде поднесено пред истекот на рокот пропишан за поднесување на даночна пријава.

Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
Обврзникот е должен да уплати административни такси во износ од 300 денари (50 денари за барањето и 250 денари за решението).
Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„

Pdf_16   Барање за продолжување на рокот за поднесување на даночна пријава  (272 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија