Memorandum_mk
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Декември
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Обрасци кои се поднесуваат во месец Декември
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 25-ти Декември   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Декември   ДЛД-П Граѓани (трговец-поединец, занатечија и сл.) Ако остварувате доход од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете (образец “ДЛД-П”), заради паушално плаќање на данокот на доход.
до 31-ви Декември   Извештај Буџетски корисник – примател на донација во финансиски средства, добра и услуги Буџетскиот корисник -примател на донација во финансиски средства, добра и услуги,чија цел е да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Северна Македонија од Коронавирусот COVID 19, е должен до УЈП да достави извештај по електронски пат и во електронска форма за примени донации, кој треба да ги содржи следните податоци: единствениот даночен број, односно единствениот матичен број на граѓанинот, називот, односно името и презимето на давателот на донацијата, износот на донацијата во финансиски средства, износот на донацијата во добра и услуги, вкупниот износ на донацијата, бројот и датумот на договорот за донација и бројот и датумот на потврдата за примена донација.
најдоцна до 31 Декември   ДЛД-И/ЗП Организатор на зелен пазар Tрговецот кој организира зелен пазар заради пресметување на данокот на доход за 2021 година е должен до УЈП да достави Извештај (образец "ДЛД/И-ЗП") за корисниците на продажните места на зелените пазари, најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија