Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави и плаќање на даноците во законски предвидените рокови.
Во календарот даден е преглед на роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава и да извршите плаќање по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава или да се изврши плаќање на данокот е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Декември
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Обрасци кои се поднесуваат во месец Декември
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти во месецот   ДБ Фирми Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на добивка (МДБ)
до 15-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Извршете плаќање по основ на Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти во месецот   е-ППД Граѓани Извршете плаќање на аконтацијата на данокот на личен доход преку реализација на ПП53 налогот од одобрените Електронски пресметки (е-ППД) кои ги имате поднесено за остварениот доход во земјата и странство во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти во месецот   е-ППД Паушалисти Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход од вршење самостојна дејност преку реализација на ПП53 налогот од Електронски пресметки (е-ППД) кои се прилог кон решенијата за утврдување на годишниот данок за доходот остварен од вршење дејност во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 15-ти во месецот   ДЛД-ДБ Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход по основ на “ДЛД-ДБ“ преку реализација на ПП53 налогот од електронската пресметка “МДЛД” во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
до 25-ти Декември   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително: 1) поднесете даночна пријава “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk 2) извршете плаќање по основ на поднесената даночна пријава “ДДВ-04”.
до 31-ви Декември   ДЛД-П Граѓани (трговец-поединец, занатечија и сл.) Ако остварувате доход од самостојна дејност и не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете Барање (образец “ДЛД-П”), заради паушално плаќање на данокот на личен доход.
најдоцна до 31 Декември   ДЛД-И/ЗП Организатор на зелен пазар Tрговецот кој организира зелен пазар заради пресметување на данокот на доход за 2025 година е должен до УЈП да достави Извештај (образец "ДЛД/И-ЗП") за корисниците на продажните места на зелените пазари, најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот во електронска форма преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија