Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночно намалување

Даночното намалување се користи при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија.
Даночното намалување за наредната година се утврдува врз основа на износот на даночното намалување од тековната година усогласено со 50% од стапката на остварениот пораст на просечната бруто-плата по вработен во Република Македонија во минатата година, согласно податоците од Државниот завод за статистика.

Износот на даночното намалување, пред почетокот на секоја година, најдоцна до 31 декември во тековната година го објавува министерот за финансии.

При пресметување на годишниот данок на доход, даночното намалување се признава во висина на искористеното право на даночно намалување при аконтативното пресметување на данокот на доход за вкупно исплатениот доход од плата, надоместоци на плата и пензија.

Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход изнесува 108.456 денари. 

*** До 31.12.2018 година се користеше терминот лично ослободување согласно Законот за персонален данок на доход.

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ

Годишното даночно намалување е ослободувањето што го остварува обврзникот на персонален данок на доход при годишно пресметување на данокот на доход во Годишната даночна пријава или во Годишниот даночен биланс и кое во месечни износи го користат примателите на плата.

Износот на годишното даночно намалување го објавува Министерот за финансии и истото пред почетокот на секоја година се валоризира со планираниот пораст на нето платите на вработените во Република Северна Македонија.

Одберете година
Преглед на лично ослободување за 2024 година
Врз основа на член 10 став 4 од Законот за данокот на личен доход ("Службен весник на РМ" бр.241/18 и "Службен весник на РСМ", број 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), се утврдува:
  1. Даночното намалување за 2024 година, при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 114.480,00 денари
  2. Даночното намалување за 2024 година, при исплата на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 9.540,00 денари
Година Број на објава Датум на објава Сл. весник број Годишно лично ослободување Месечно лично ослободување
2024 20-8230/1 07.12.2023  263/23 114480.00 денари 9540.00 денари
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија