Управата за јавни приходи спроведува постапка за испитување на имотната состојба против избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал ако:
- лицето не дало Aнкетен лист;
 - ако во Aнкетниот лист не дало податоци;
 - ако не пријавило промена на имотот односно во пријавата дало невистинити и непотполни податоци;
 - ако се утврди дека неговиот имот или имотот на член на неговото семејство во текот на траење на мандатот, односно вршење на должноста или траење на вработувањето е несзразмерно зголемен во однос на редовните примања (плати, дивиденди и други приходи од вршење на дејност или имот).
 
Барање за поведување на постапка може да поднесе до УЈП и Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за испитување на имотната состојба ја поведува Управата за јавни приходи. 
      Ако во постапката за испитување на имотот и имотната состојба не се докаже дека имотот е стекнат или зголемен   како резултат на примања што се пријавени и оданочени УЈП ќе донесе решение за оданочување со персонален данок.
      Основа за пресметување на данокот е разликата помеѓу вредноста на имотот во време на стекнувањето и докажаната висина на средствата за негово стекнување.
      Данокот на непријавените приходи се пресметува по стапка од 70%.
      На износот на пресметаниот  данок што нема да се плати во пропишаниот рок,   согласно Законот за даночна постапка се пресметува и наплатува камата во висина  од 0,03%  за секој ден задоцнување.
                  
                				
                				
                				
              
