Преглед на публикации
      
      						
      							| 
             
              Оваа брошура треба да ве упати на начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странски правни лица, а кои не се остварени во рамки на деловниот потфат на постојаната деловна единица на странско лице на
              територија на Република Македонија...
             
            
             | 
        
| 
             
              Оваа брошура треба да ви помогне и да ве упати како правилно да ги примените одредбите на Законот за данок на добивка, со цел правилно пријавување и плаќање на данокот на вкупен приход за непрофитните организации кои остваруваат приходи од вршење на стопанска дејност, како и начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени на странски
              правни лица.
             
            
             | 
        
| 
             
              Оваа брошура треба да ве упати на основните правила и услови за
              регистрирање за целите на годишниот данок на вкупен приход, доколку сте
              трговско друштво од мал обем. Поедноставниот даночен режим овозможува скратување на даночните процедури за малите бизниси и едноставен начин на пријавување и утврдување на данокот.
             
            
             | 
        
| 
             
              Ослободување од ДДВ при реализација на проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови (2022)
             
            
              Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на начинот и постапката на ослободување на прометот на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови.
             
            
             | 
        
| 
             
              Поврзано лице за ДДВ претставува група на лица кои се правно независни,
              регистрирани за целите на ДДВ и кои се тесно поврзани сопственички, организациски или управувачки. Оваа брошура треба да ве информира општо за регистрацијата, пријавувањето на промени и одјава на поврзаното лице за целите на данокот на додадена вредност.
             
            
             | 
        
| 
             
              Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на примена на механизамот за пренесување на даночна обврска за данокот на додадена вредност
             
            
             | 
        
| 
             
              Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок кој се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата и во целокупниот услужен сектор. Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на регистрацијата за цели на данокот на додадена вредност, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност и специфичностите при пополнување на ДДВ-пријавата (образец “ДДВ-04“).
             
            
             | 
        
| 
             
              Оваа брошура треба да ве упати во основните правила при пријавување на доходот кој како физичко лице - граѓанин гo остварувате од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
             
            
             | 
        
| 
             
              Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кои како физичко лице - граѓанин ги остварувате од продажба на недвижен имот и притоа сте оствариле капитална добивка.
             
            
             | 
        
| 
             
              Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кој како физичко лице - граѓанин го остварувате од продажба на сопствени земјоделски производи.
              Остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи подлежи на оданочување со данок на личен доход.
             
            
             | 
        
| Страници: | 
                  
                				
                				
                				
              
