Враќањето на повеќе / погрешно платен придонес и данок на личен доход во готови пари на сметка се врши врз основа на претходно доставено Барање (образец УЈП-УН-З.2-41).
Барањето за враќање на повеќе / погрешно платени придонеси и данок на личен доход од плата се доставува по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk или до надлежната даночна канцеларија на УЈП каде што се наоѓа седиштето на обврзникот.
Како барател може да се јави обврзникот за пресметка и уплата и тоа во следните случаи:
- Пресметани и уплатени придонеси и данок на личен доход за обврзник/ци за плаќање за периоди за кои немаат активна М1 пријава
Доколку работодавачот изврши плаќање на придонеси и ДЛД за обврзник за плаќање за период кога истиот не работел кај него (во ваков случај МПИН пресметката во која се јавува вработен за кој во односниот месец нема М1 пријава ќе биде прифатена со предупредување и ќе добие фолио број по кој може да се изврши плаќање), во тој случај повратот на средства се врши на сметка.
Доколку е поднесена пресметка за цел месец, по која е извршено плаќање, за вработен кој всушност работел кај работодавачот помалку денови (на пр. платени се придонеси и ДЛД за 31 ден во Јануари, додека обврзникот работел до 20-ти Јануари), во тој случај работодавачот поднесува исправка на пресметката (со вид на обврска 103). Повратот генериран во исправката на пријавата се враќа на сметка на обврзникот бидејќи истиот нема да може да се реализира преку намалување на обврската во следната пресметка.
- Пресметани и уплатени придонеси и данок на личен доход за лица кои го изгубиле статусот на обврзник за плаќање
Доколку обврзникот за уплата извршил плаќање на придонесите и ДЛД, а во меѓувреме го изгубил статусот на обврзник за плаќање (на пр.се стекнал со старосна пензија, поништување на решение од ФПИОМ/ФЗОМ), во тој случај без поднесување на исправка, а со презентирање на соодветна документација се доставува барање за поврат.
- Грешно реализиран Налог ПП53 (однодно ЗКТ) од страна на носителот на платен промет
Барањето се доставува од страна на носителот на платен промет (банката), во случај кога Налогот ПП53(ЗКТ) го реализирала од погрешна сметка. Во тој случај банката го обештетува клиентот, со тоа што за платените средства доставува барање за поврат на средства.
- Двојно реализиран Налог ПП53 (однодно ЗКТ) - придонесите и данокот на личен доход се двапати платени по ист фолио број
Доколку Налогот ПП53 (ЗКТ) е реализиран двапати и тоа еднаш преку КИБС и вторпат преку МИПС, уплатата ќе се евидентира еднаш, а за останатите средства ќе се изврши поврат во готови пари.
- Погрешно платени придонеси и данок на личен доход за лица кои се ослободени од плаќање на придонес и ДЛД (инвалидни лица, лица вработени во ТИРЗ и сл.)
Ако обврзникот изврши плаќање на придонеси и ДЛД, а обврзникот за плаќање е ослободен од обврската за плаќање на соодветниот придонес / ДЛД, во тој случај обврзникот за пресметка и уплата доставува исправка на пресмеката со која ќе биде евидентирано враќање на средства од идни уплати. Враќањето на средства се врши на сметка, со оглед на фактот што обврзникот за плаќање во понатамошните пресметки нема да има обврска за плаќање.
- Одбегнување на двојно оданочување со данок на личен доход од плата
Доколку обврзникот изврши плаќање на ДЛД и за обврзник за плаќање за кој согласно одредбите од применлив Договор за обегнување на двојното оданочување е платен данок во другата држава договорничка, во тој случај обврзникот за пресметка и уплата доставува барање за поврат на средства со релавантни докази. Враќањето на средства се врши на сметката на обврзникот наведена во барањето.