Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за враќање на повеќе / погрешно платени придонеси и данок на личен доход од плата
Кратко име: УЈП-УН-З.2-41/2
Тип на данок: Придонеси

Како барател на повеќе / погрешно платени придонеси и данок на личен доход од плата може да се јави обврзникот за пресметка и уплата.
Враќањето на повеќе / погрешно платениот придонес и данок на личен доход во готови пари на сметка се врши врз основа на претходно доставено Барање УЈП-УН-З.2-41 кое се доставува по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или до даночната канцеларија на УЈП.
Барање за поврат на повеќе уплатени средства и данок на личен доход се поднесува во следните случаи:

  • Пресметани и уплатени придонеси и данок на личен доход за обврзници за плаќање за периоди за кои немаат активна М1 пријава;
  • Пресметани и уплатени придонеси и данок на личен доход за лица кои го изгубиле статусот на обврзник за плаќање;
  • Грешно реализиран налог ПП53 (односно ЗКТ) од страна на носителот на платен промет;
  • Двојно реализиран налог ПП53 ( односно ЗКТ), при што придонесите и данок на личен доход се двапати платени по ист фолио број;
  • Погрешно платени придонеси и данок на личен доход за лица кои се ослободени од плаќање на придонес / персонален данок (инвалидни лица, лица вработени во ТИРЗ и сл.)
  • Одбегнување на двојно оданочување со данок на личен доход од плата.

Во прилог на барањето се доставуваат релеванти докази за повеќе / погрешно платените придонеси и данок на личен доход од плата.

Напомена: Износот на повеќе платен придонес и данок на личен доход во тековниот може да се појави како автоматски поврат на средства (износ кој се одбива од месечниот износ на придонес) во декларацијата за прием на МПИН за наредниот месец и за истиот не се поднесува барање за поврат на средства.

Обврзникот доколку не е ослободен од плаќање административни такси согласно член 15 и 18 од Законот за административни такси, должен е да плати административни такси во износ од 300 денари од кои:

  • 50,00 денари за барањето
  • 250,00 денари за решението

За повеќе информации, кликнете тука.

Pdf_16   Барање за враќање на повеќе / погрешно платени придонеси и персонален данок од плата  (112 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија