Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Често поставувани прашања за закуп и подзакуп на недвижен имот

Прашање 1 :
Издавам стан преку АирБнб меѓутоа го немам сеуште уплатено данокот бидејки не знам која уплатна сметка и шифра е за таа намена. Дали може да се направи уплата за неколку месеци на иста сметка или мора да се прави за секој месец посебно.

Одговор:
Согласно член 3 од Законот за данок на личен доход “(“Службен весник на РМ” број 241 од 26.12.2018 година, “и Службен весник на РСМ” број 275, 290/20, 85/21 и 274/22 од 20.12.2022 година во понатамошниот текст ЗДЛД), под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство: 1) доход од работа; 2) доход од самостојна дејност; 3) доход од авторски и сродни права; 4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 5) доход од права од индустриска сопственост; 6) доход од закуп и подзакуп; 7) доход од капитал; 8) капитални добивки; 9) добивки од игри на среќа; 10) доход од осигурување и 11) друг доход.

На оданочување подлежи доходот од ставот 1 на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.

Според член 51 од ЗДЛД, под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот.

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

Основа за пресметување на данокот на доход од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот. (член 53 од ЗДЛД)

Според член 87 од ЗДЛД, во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход и за доходот од закуп и подзакуп, остварен од издавање на физички лица.

Според член 88 став 1 точка 2 од ЗДЛД, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход врз основа на овој закон е должен да поднесе електронска пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи за доходот остварен од издавање на имот под закуп и подзакуп на физички лица во случаи кога времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање.

Електронската пресметка се доставува преку системот „е-даночни услуги”.

Физичкото лице при пополнување на електронската пресметка за доходот остварен од издавање на опремен недвижен имот за краток престој преку странски платформи го избира следниот вид на доход:

T6 Доход од закуп и подзакуп S6.2. Доход од закуп на опремени станбени и деловни простории
По приемот и обработката на електронската пресметка „е-ППД“, службено лице од Управата за јавни приходи преку електронскиот систем „е-даночни услуги”, ја одобрува пресметката на обврзникот, со доделување фолио број и издава рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и налог за плаќање на данокот на доход.

Согласно член 93 од ЗДЛД, aконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и за доходот остварен од странство.
Плаќањето на данокот на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.

Прашање 2:
Доколку сакам да изнајмувам стан на други лица, под кои даноци и трошоци потпаѓа киријата која ќе ја земам?

Одговор:
Согласно член 3 од Законот за данок на личен доход (“Сл весник на РМ” бр.241/18 и “Сл. весник на РСМ” 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22 во понатамошниот текст ЗДЛД), под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство: 1) доход од работа; 2) доход од самостојна дејност; 3) доход од авторски и сродни права; 4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 5) доход од права од индустриска сопственост; 6) доход од закуп и подзакуп; 7) доход од капитал; 8) капитални добивки; 9) добивки од игри на среќа; 10) доход од осигурување и 11) друг доход.

На оданочување подлежи доходот од ставот 1 на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.

Според член 51 од ЗДЛД, под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот.

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

Според член 53 став 1 од ЗДЛД, основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

По исклучок од ставот 1 од член 53 од ЗДЛД, основа за пресметување на данокот на доход од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот.

Доколку недвижниот имот го издавате на друго физичко лице
Според член 88 од ЗДЛД, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход врз основа на овој закон е должен да поднесе електронска пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи за:

  1. доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на физички лица, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход, до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, односно до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е предаден во закуп или подзакуп, доколку во договорот е утврдено одложено издавање;
  2. доход остварен од издавање имот под закуп и подзакуп на физички лица во случаи кога времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање

Според член 87 од ЗДЛД, во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход и за доходот од закуп и подзакуп, остварен од издавање на физички лица.

По регистрацијата на системот, физичкото лице при пополнување на електронската пресметка за доходот остварен од издавање недвижен имот (на пример: опремен недвижен имот) го избира следниот вид на пресметка:

За доходот остварен по основ на закуп/подзакуп, во случаи кога плаќањето е директно од друго физичко лице (домашно или странско) во готовина или на транскакциска сметка, имате обврска да пополните пресметка за Закупнини.

Доколку пак плаќањето на закуп/подзакуп е од странство, во странска валута, во тој случај за вака остварениот доход од странство имате обврска да доставите аконтативна пресметка е-ПДД.

Во пресметката се внесуваат податоци за периодот на издавање, податок за земја во која е резидент исплатувачот, односно од каде е плаќањето (овој податок е видлив на изводите од деловните банки), Вид на доход Т6. Доход од закуп и подзакуп и

Подвид на доход S6.1./ S6.2, датум на прилив (датумот кога е остварен доходот), валута (доколку надоместокот е исплатен во странска валута) и износ во странска валута

Т6 Доход од закуп и подзакуп S6.2. Доход од закуп на опремени станбени и деловни простории

По приемот и обработката на електронската пресметка („Закупнини“/„е-ППД“), службено лице од Управата за јавни приходи преку електронскиот систем „е-даночни услуги“, ја одобрува пресметката на обврзникот, со доделување фолио број и издава рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и налог за плаќање на данокот на доход.

Согласно член 93 од ЗДЛД, aконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и за доходот остварен од странство.

Плаќањето на данокот на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.

Доколку недвижниот имот го издавате на правно лице (фирма)
Во случај кога недвижниот имот го издавате на правно лице (фирма), обврската за пријавување како и обврската за плаќање на данокот на личен доход е на правното лице, односно согласно член 80 од ЗДЛД аконтацијата на данок на доход се плаќа по одбивка, односно исплатувачот на доходот го пресметува, задржува и плаќа данокот на доход за обврзникот при секоја исплата и за доходот од закуп и подзакуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги.

Аконтацијата на данокот на доход од член 80 на овој закон пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен доход.

Согласно член 85 од ЗДЛД, исплатувачот од членот 84 од овој закон, пред секоја исплата на доходот на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, е должен до органот за јавни приходи да достави електронска пресметка за бруто приходот, одбитоците, пресметаниот данок по одбивка и нето приходот за исплата, за секој обврзник поединечно.

Исплатувачот е должен на обврзникот (физичкото лице) при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.

Прашање 3:
Јас не сум македонски државјанин. Купив нова куќа во Скопје за инвестиција и сакам да ја изнајмувам оваа куќа. Според македонскиот закон, дали сопственикот го плаќа данокот на доход од изнајмување и дали треба да го плати овој данок преку Интернет?

Одговор:
Согласно член 3 став 1 точка 6) од Законот за данок на личен доход (“Сл весник на РМ” бр.241/18 и “Сл. весник на РСМ” 275/19...274/22 во понатамошниот текст ЗДЛД), под личен доход се подразбира и доход од закуп и подзакуп остварен во земјата и во странство.

На оданочување подлежи доходот од ставот 1 на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.

Според член 51 од ЗДЛД, под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот.

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

Основа за пресметување на данокот на доход од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот (член 53 од ЗДЛД).

Доколку недвижниот имот го издавате на друго физичко лице
Според член 88 од ЗДЛД, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход врз основа на овој закон е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи за:

  1. доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на физички лица, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход, до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, односно до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е предаден во закуп или подзакуп, доколку во договорот е утврдено одложено издавање;
  2. доход остварен од издавање имот под закуп и подзакуп на физички лица во случаи кога времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање.

Според член 87 од ЗДЛД, во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на Пријавувањето на доходот од закуп и подзакуп се врши електронски со поднесување на електронска пресметка преку системот „е-даночни услуги“ односно https://e-ujp.ujp.gov.mk/. Доколку по прв пат се најавувате на „е-даночни услуги“ (не сте користеле електронски даночни услуги на УЈП) потребно е прво да креирате Ваш кориснички профил https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/register.seam.

По приемот и обработката на електронската пресметка “е-ППД”, службено лице од Управата за јавни приходи преку електронскиот систем “е-даночни услуги”, ги одобрува пресметките на обврзникот, се доделува фолио број и се издава рекапитулација за утврдување на аконтациите на данокот на доход со статус “Одобрена” и налог за плаќање на данокот на доход.

Согласно член 93 од ЗДЛД, аконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и за доходот остварен од закуп и подзакуп.

Плаќањето на данокот на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.

Според напред наведените одредби доколку физичко лице издава под закуп недвижен имот (куќа) на друго физичко лице, обврската за пријавување и плаќање на данокот на личен доход е на физичкото лице (закуподавач на недвижниот имот).

Доколку недвижниот имот го издавате на правно лице (фирма)
Во случај кога недвижниот имот го издавате на правно лице, обврската за пријавување како и обврската за плаќање на данокот на личен доход е на правното лице. Согласно член 80 од ЗДЛД аконтацијата на данок на доход се плаќа по одбивка, односно исплатувачот на доходот го пресметува, задржува и плаќа данокот на доход за обврзникот при секоја исплата и за доходот од закуп и подзакуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги.

Аконтацијата на данокот на доход од член 80 на овој закон пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен доход.

Аконтацијата на данокот на доход од закуп и подзакуп (ако исплатувачот на доходот води деловни книги) се пресметува на соодветно утврдена даночна основа со примена на единствена стапка од 10%.

Согласно член 85 од ЗДЛД, исплатувачот од членот 84 од овој закон, пред секоја исплата на доходот на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, е должен до органот за јавни приходи да достави електронска пресметка за бруто приходот, одбитоците, пресметаниот данок по одбивка и нето приходот за исплата, за секој обврзник поединечно.

Исплатувачот е должен на обврзникот (физичкото лице) при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот (член 85 став 10 од ЗДЛД).

Прашање 4:
Се обраќам до Вас со прашање во врска со пријвувањето на данок на доход како хост на Airbnb платформата. За жал, не бев запознаен со тоа дека пријавувањето на доходот од изнајмување на недвижнина се врши месечно и имам изнајмувано неколку месеци без да извршам пријава. Би сакал да добијам информација како можам да го корегирам овој пропуст, дали е можно да извршам еднократна пријава за целиот период, и кои се чекорите што треба да ги преземам за да го исполнам тоа согласно законските прописи?

Одговор:
Согласно член 3 од Законот за данок на личен доход (“Сл весник на РМ” бр.241/18 и “Сл. весник на РСМ” 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22 во понатамошниот текст ЗДЛД), под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство: 1) доход од работа; 2) доход од самостојна дејност; 3) доход од авторски и сродни права; 4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 5) доход од права од индустриска сопственост; 6) доход од закуп и подзакуп; 7) доход од капитал; 8) капитални добивки; 9) добивки од игри на среќа; 10) доход од осигурување и 11) друг доход.

На оданочување подлежи доходот од ставот 1 на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.

Според член 51 од ЗДЛД, под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен имот.

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп на недвижен имот е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

Основа за пресметување на данокот на доход од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот (член 53 од ЗДЛД).

Согласно член 11 од ЗДЛД, данокот на личен доход се плаќа по стапка од 10%.

Според член 88 од ЗДЛД, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход врз основа на овој закон е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи за:

  1. доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на физички лица, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход, до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, односно до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е предаден во закуп или подзакуп, доколку во договорот е утврдено одложено издавање;
  2. доход остварен од издавање имот под закуп и подзакуп на физички лица во случаи кога времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање.

За доходот остварен по основ на закуп/подзакуп, во случаи кога плаќањето е директно од друго физичко лице (домашно или странско) во готовина или на транскакциска сметка, имате обврска да пополните пресметка за Закупнини.

Доколку пак плаќањето на закуп/подзакуп е од странство, во странска валута, во тој случај за вака остварениот доход од странство имате обврска да доставите аконтативна пресметка е-ПДД.

Во пресметката се внесуваат податоци за периодот на издавање, податок за земја во која е резидент исплатувачот, односно од каде е плаќањето (овој податок е видлив на изводите од деловните банки), Вид на доход Т6. Доход од закуп и подзакуп и Подвид на доход S6.1./ S6.2, датум на прилив (датумот кога е остварен доходот), валута (доколку надоместокот е исплатен во странска валута) и износ во странска валута

Т6 Доход од закуп и подзакуп S6.2. Доход од закуп на опремени станбени и деловни простории

По приемот и обработката на електронската пресметка („Закупнини“/„е-ППД“), службено лице од Управата за јавни приходи преку електронскиот систем „е-даночни услуги“, ја одобрува пресметката на обврзникот, со доделување фолио број и издава рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и налог за плаќање на данокот на доход.

Согласно член 93 од ЗДЛД, аконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и за доходот остварен од странство.

Плаќањето на данокот на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија