Преглед на публикации
|
УЈП прибира месечно податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок на доход, истите ги контролира и води евиденција, поединечно за секој обврзник.Концептот на бруто-плата и системот на интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата бара подетално појаснување и прецизирање на повеќе прашања, поради што очекуваме дека оваа брошура ќе ви помогне...
|
|
Оваа брошура е изготвена согласно Стратегијата на Управата за јавни приходи
за намалување на сивата економија во Република Македонија. Преку публикацијата сакаме да им укажеме на читателите дека оваа појава, која се јавува и во светски рамки, го поткопува и ослабува нашиот даночен и економски систем, но и дека сите граѓани, стопанственици и институции се засегнати страни кои единствено и заеднички можат да делуваат во намалување на сивата економија во Македонија.
|
|
Оваа брошура треба да ве упати како да воведете фискален апарати, но и ќе ви помогне во разрешувањето на проблемите со кои ќе се сретнете во праксата, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискална сметка.
|
|
Накратко за пријавувањето и утврдувањето на данокот на добивка, поедноставниот даночен режим за мали и микро бизниси, задржувањето на данокот на исплатени приходи на странски правни лица и одбегнувањето на двојно оданочување или двојно ослободување.
|
|
Даночен обврзник, задолжителна и доброволна регистрација за целите на ДДВ, предмет на оданочување, даночна стапка и основа за пресметување на данокот, даночни периоди за пријавување и плаќање на данокот, враќање на данокот на додадена вредност, даночни ослободувања и поттикнувања...
|
|
Краток преглед на законските одредби, одредбите од Договорите за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија, начинот на оданочување, обврските и правата на даночните обврзници кои остваруваат доход од странство.
Содржината дава јасен преглед на:
Законските одредби во однос на оданочување на доходот на физичките лица, Што регулираат Договорите за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија, Основните правила за оданочување на доходот по основ на работа во странство, Разработка на неколку можни сценарија на работа во странство и соодветниот даночен третман, Начин на пријавување на доходот преку системот е-даночни услуги, Постапките поврзани со Годишната даночна пријава.
Целта е граѓаните да имаат лесно достапни и разбирливи информации за тоа каде и како се плаќа данокот, како да се избегне двојно оданочување и кои документи се потребни за користење на даночен кредит...
|
|
Накратко за историјатот и профилот на Даночната академија на УЈП и програмите за едукација и развој на УЈП.
|
|
Согласно членот 33 од Уставот на Република Северна Македонија, секој е должен да плаќа данок и други давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Владеењето на правото е темелна вредност прецизирана во Уставот, а ЗДП е донесен во потполна усогласеност со Уставот на Република Северна Македонија...
|
|
Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса, од 23 март 2015 година во функција е новиот специјализиран шалтер на УЈП за давање на услуги поврзани со РДТ, кој е лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија (бул.Гоце Делчев бб, Скопје).
Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса...
|
|
При отпочнување на вашиот бизнис, најважно е да ја регистрирате вашата дејност во соодветниот регистар и да поседувате даночен број, неопходен за учество во платниот промет и кој ќе претставува единствен идентификатор за вашите податоци и даночните постапки кои се водат во Управата за јавни приходи.
|
| Страници: |

