Преглед во македонскиот систем на оданочување на физичките лица
Краток преглед на законските одредби, одредбите од Договорите за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија, начинот на оданочување, обврските и правата на даночните обврзници кои остваруваат доход од странство.
Содржината дава јасен преглед на:
Законските одредби во однос на оданочување на доходот на физичките лица, Што регулираат Договорите за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија, Основните правила за оданочување на доходот по основ на работа во странство, Разработка на неколку можни сценарија на работа во странство и соодветниот даночен третман, Начин на пријавување на доходот преку системот е-даночни услуги, Постапките поврзани со Годишната даночна пријава.
Целта е граѓаните да имаат лесно достапни и разбирливи информации за тоа каде и како се плаќа данокот, како да се избегне двојно оданочување и кои документи се потребни за користење на даночен кредит...

