|
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2026 за долгови доспеани до 30.06.2026 година и неплатени до 30.09.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.10/2026 објавени се 1.565 должници - правни лица (помалку за 443 од претходната листа) и 2.972 физички лица (помалку за 260 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2026 изнесува 13.268.354.319 денари, (помалку за 373.236.325 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.097.348.199 денари, (помалку за 360.989.335 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 171.006.120 денари (помалку за 12.246.990 од претходната листа).
|