Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Листа на должници бр.07/2026 за долгови доспеани до 31.03.2026 година и неплатени до 30.06.2026 година
Тип на отворен повик: Листа на должници Датум на објава: 10.07.2026 

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2026 за долгови доспеани до31.03.2026 година и неплатени до 30.06.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.07/2026 објавени се 2.007 должници - правни лица (повеќе за 66 од претходната листа) и 3.149 физички лица (повеќе за 32 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2026 изнесува 13.076.222.055 денари, (повеќе за 162.229.651 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.862.649.581 денари, (повеќе за 139.244.510 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.572.474 денари (повеќе за 22.985.141 од претходната листа).

Document   08-5091-1-Листа на должници бр.7_10.07.2026  (1 MB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија