|
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2026 за долгови доспеани до 30.11.2025 и неплатени до 28.02.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.04/2026 објавени се 1.898 должници - правни лица (помалку за 109 од претходната листа) и 3.078 физички лица (помалку за 1.023 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2026 изнесува 11.986.622.418 денари, (повеќе за 64.700.764 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.807.861.928 денари, (повеќе за 102.695.467 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.760.490 денари (помалку за 37.994.703 од претходната листа).
|