Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

02.11.2010
По пријава за нелојална конкуренција – Затворени 5 објекти во Кочани
Во даночната контрола утврдено е дека 5 малопродажни објекти не се регистрирани како даночни обврзници и работат на “диво“, додека дополнително 4 објекти не го регистрирале прометот и не издавале фискални сметки. Најголем процент од нелојалната конкуренција која ја загрозува дејноста и нанесува голема штета на легалната економија е во сферата на малите и средните бизниси, што пак е резултат на обидите на некои граѓани да вршат препродажба на производи и тоа на тезги или во имповизирани простории кои не исполнуваат никави стандарди и не се евидентирани во Управата за јавни приходи.
 
30.10.2010
Казни за 12 крушевски објекти поради неиздавање на фискални сметки
И покрај засилените активности во делот на едукацијата на даночните обврзници од Крушево и укажувањата од УЈП за почитување на обврските во делот на даночното работење и вршењето на дејноста, даночните контролори констатираа дека 12 објекти (угостители, занаетчии, малопродажба, трговија со текстил...) го кршеле законот, поради што на истите им се изречени глоби, а во 3 случаи деловните простории ќе бидат и затворени. Исто така, утврдено е дека 1 лице вршело нерегистрирана дејност, на кое ќе му биде дододелен даночен број и ќе биде оданочено.
 
28.10.2010
Унапредување на соработката меѓу УЈП и бизнис заедницата
Во организација на стопанските комори и Градот Скопје, во текот на вчерашниот ден /27.10.2010/, беше одржана третата работна средба (работилница) меѓу претставници од Управата за јавни приходи и од бизнис секторот. Даночните експерти од УЈП на стопанствениците им ги презентираа последните измени на даночната регулатива и актуелностите во делот на даночната политика. Припадниците на стопанските комори имаа можност отворено да говорат за проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење, а меѓу другото беа дадени предлози и идеи од заеднички интерес ...
 
26.10.2010
Ризици на усогласеност и надворешна контрола во банкарскиот сектор
Работилницата која се одржи во текот на месец октомври, во рамки на воспоставената соработка на УЈП и ММФ, овозможи едукација на даночните службеници од ДГДО за актуелните прашања кои се однесуваат на ризици на усогласеноста во банкарската дејност. Учесниците на работилницата работеа на утврдување на ризикот и на анализа пред надворешна контрола кај повеќе македонски банки. Тимовите, во следните два месеци, ќе организираат надворешна контрола кај шест банки, по што ќе следи сесија во јануари 2011 на која ќе се презентираат остварените резултати.
 
08.10.2010
УЈП во твининг со Австриските и Словачките даночни власти
Со цел имплементација на најдобрите ЕУ практики во борбата против корупцијата и намалувањето на даночната евазија во Република Македонија, во изминатите девет месеци, со помош на тим од високостручни даночни експерти од Австрија и Словачка, успешно се реализираа обуки, работилници, студиски посети и практична работа на конкретни случаи на оваа тема, преку кои на даночните службеници од УЈП, им беше овозможено и укажано како да пристапат кон ефикасно искористување на своите надлежности, посебно во делот на функционирањето на Даночниот инспекторат за спречување на корупцијата, но и поттикнување и поддршка во спроведување на специјални истраги по примерот на европските земји. Информирајте се како да избегнете да бидете дел од шемите на даночните измами и какви мерки и активности презема Управата за јавни приходи и даночните администрации за контрола на даночните обврзници - измамници.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија