По повод одбележувањето на Св. Матеј - Денот на даночниците, Управата за јавни приходи ги повикува учениците од средните училишта во Република Северна Македонија да учествуваат во креативниот конкурс „Твој данок, твоја иднина“.
Учениците, индивидуално или тимски, под менторство на наставник, треба да изработат кратко видео, анимација или дигитална креација со помош на вештачка интелигенција (AI), преку кои ќе ја прикажат важноста на даноците и нивната улога во градењето подобро општество.
Трите најдобри творби ќе бидат наградени и промовирани!
Краен рок: 25.11.2026 година, до 23:59 часот.
Пријавување: konkurs@ujp.gov.mk
Наслов на е-пораката: „КОНКУРС – ТВОЈ ДАНОК, ТВОЈА ИДНИНА“
Бидете креативни, испратете ја својата порака и бидете дел од промената!
Твој данок, твоја иднина!