Во рамките на проектот за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Шведската даночна управа (STA), директорката на УЈП м-р Елена Петрова одржа работна средба со Амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е Ола Солстром.
На средбата беа презентирани досегашните активности и напредокот во рамките на проектот, како и идните приоритети поврзани со институционалното јакнење, дигиталната трансформација и модернизацијата на даночната администрација.
Воедно, беше разговарано и за значењето на меѓународната соработка и размената на добри практики во процесот на градење современа, ефикасна и транспарентна даночна администрација, усогласена со европските стандарди и современите трендови во даночната сфера.
Беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и поддршка на реформските процеси во Управата за јавни приходи, во насока на создавање модерна и кориснички ориентирана институција.