Memorandum_mk
06.05.2026
Директорката на УЈП м-р Елена Петрова панелист на Третата регионална конференција на ИСОС

Директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, се обрати на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“, во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители - ИСОС, која се одржа на 6 мај 2026 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Во рамки на панел-дискусијата посветена на меѓународните стандарди и дигитализацијата во финансиското известување, директорката истакна дека разликите меѓу сметководственото известување согласно МСФИ и известувањето за даночни цели произлегуваат од различните концепти и цели на овие системи, при што не станува збор за судир, туку за јасно разграничување кое го поставува регулативата.

     

Дополнително, беше потенцирана важноста на дигиталната трансформација, интеграцијата и интероперабилноста на системите и користењето на структурирани податоци, како основа за поефикасно управување со даночната усогласеност и намалување на административниот товар на сметководителите и даночните обврзници при исполнување на даночните обврски, што води и кон зголемување на транспарентноста, довербата и деловната клима.

Управата за јавни приходи останува посветена на унапредување на дијалогот со професионалната заедница и поддршка на процесите на дигитализација, со цел зголемување на транспарентноста, ефикасноста и регулативната усогласеност.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија