Петок, 05.03.2010 12:00 - 13:00, Контакт Центар на УЈП (ГТЦ 2-ри кат, над кино Милениум)
Ги покануваме претставниците на средствата за јавно информирање на промоцијата на Повикувачкиот Центар и пуштањето во употреба на новата телефонска линија на УЈП, преку која даночните обврзници ќе можат да ги добијат бараните информации поврзани со даноците, постапките на регистрација и оданочување.
Настанот ќе се одржи во Контакт Центар на УЈП, лоциран во Градскиот Трговски Центар на 2-ри кат (над кино Милениум).