Memorandum_en
Преглед на образец
Известување за поднесување на Пријава на информации за дополнителен данок (GIR) и Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (КДДД/П)
Кратко име: /
Тип на данок: Минимален глобален данок на добивка

Согласно член 46 став 1 а), став 2, став 4 и став 10 од Законот за минимален глобален данок на добивка („Службен весник на РСМ'', бр. 3/2025), како и член 7 од Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка („Службен весник на РСМ'', бр. 270/2025 и бр. 2/2026), составниот субјект на мултинационалната група на компании или на голема домашна група кој се наоѓа во РС Македонија или локален субјект кој во име на составниот субјект е назначен за поднесување на Пријава на информации за дополнителниот данок (GloBE Information Return - GIR) во РС Македонија, доставува електронско известување до Управата за јавни приходи дека е назначен за одговорен субјект од страна на крајната матична компанија за целите на поднесување на Пријавата на информации за дополнителен данок (GIR).

Согласно член 3 став 1 и 2 од Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка („Службен весник на РСМ'', бр. 270/2025 и бр. 2/2026), составниот субјект во РС Македонија за плаќање на квалификуван домашен дополнителен данок до Управата за јавни приходи поднесува Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (образец „КДДД/П”) и врши уплата на соодветна уплатна сметка. Доколку во РС Македонија се наоѓаат два или повеќе составни субјекти од иста мултинационална група на компании или на домашна група, се назначува еден субјект кој ќе ја поднесе пријавата КДДД/П.

Електронското известување се доставува до Управата за јавни приходи најдоцна до истекот на рокот пропишан за поднесување на Пријавата на информации за дополнителниот данок (GIR) согласно член 46 став7 и член 57 од Законот за минимален глобален данок на добивка.

Pdf_16   Известување за поднесување на Пријава на информации за дополнителен данок (GIR) и Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (КДДД/П)  (87 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia