Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
27.08.2009
Ги известуваме даночните обврзници дека од 1 септември до 1 октомври 2009 година, Управата за јавни приходи им овозможува на сите даночни обврзници кај кои настанала промена во делот на регистарските податоци од даночната пријава “УЈП-РДО” да извршат нивно ажурирање. По истекот на утврдениот период, за даночните обврзници кај кои ќе се утврди неусогласеност на регистарските податоци, Управата за јавни приходи ќе пристапи кон примена на пропишаните санкции.
|
|
|
26.08.2009
Од 26-ти август 2009 година/среда, услугите на Управата за јавни приходи се бидат достапни и преку новоотворениот Даночен Шалтер - Новаци, за подрачјето на општина Новаци.
|
|
|
21.08.2009
Правото на отпис на 75% од каматите за доспеаните a неплатени обврски за јавните давачки и споредните даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година, како дел од пакетот на владините антикризни мерки, може да се реализира доколку се изврши плаќање на главниот долг и споредните даночни давачки во текот на 2009 година, односно во рамки на второутврдениот законски рок до 31 август 2009 година.
|
|
|
19.08.2009
На 11 декември 2007 година Европскиот Парламент и Советот ја усвоија Fiscalis одлуката бр.1482/2007/EК, воспоставувајќи една заедничка програма Fiscalis 2013 (2008 – 2013), која има за цел да се подобри даночниот систем во внатрешниот пазар. Програмата Fiscalis 2013 е раководена од страна на Европската комисија во рамките на Генералниот директорат за оданочување и царина (DG TAXUD).
|
|
|
14.08.2009
Ги известуваме даночните обврзници дека отворени се нови уплатни сметки за акцизи за минерални масла кои ќе можат да вршат уплата на акцизата и тоа ... Новите уплатни сметки, иако сеуште не се објавени во „Службен весник на Р.М.“, се оперативни и на истите можат да се вршат уплати.
|
|