Memorandum_mk
15.01.2010
Достава на даночни информации преку е-пошта

Заради обезбедување на висок квалитет на услуги, Управата за јавни приходи го развива системот на информирање на целни групи, со посебен акцент на развој и имплементација на електронската комуникација. 

Дознајте први, не чекајте другите да Ви кажат!
Доколку сакате да бидете во тек со сите збиднувања од областа на оданочувањето и активностите на Управата за јавни приходи и директно на вашата електронска пошта да ги добивате најновите соопштенија, информации за измените и имплементацијата на даночната регулатива, публикации, брошури, информативни проспекти и другите инфо материјали на УЈП, испратете ни ги вашите генералии:
- Име и презиме/Назив и
- Електронска пошта на која сакате да Ви ги доставуваме информациите.

Сите заинтересирани субјекти (физички, правни лица, стопански комори, здруженија, асоцијации, организации, сметководствени и консалтинг бироа и сл.), податоците потребно е да ги достават до УЈП, преку е-поштата info@ujp.gov.mk.

 

Користењето на оваа услуга е бесплатно, бидејќи задоволството на даночните обврзници е
од врвен приоритет на Управата за јавни приходи.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија