Помошник-директорката за поддршка Весна Новаковиќ учествуваше на Годишниот состанок за координација (Annual Coordination Meeting – ACM) во рамки на Програмата „Фискални реформи во Југоисточна Европа (SEE) – Фаза III“, кој се одржа на 30 септември 2026 година во Берн, Швајцарија.
Програмата „Фискални реформи во Југоисточна Европа (SEE) – Фаза III“, која се спроведува во периодот 2023–2026 година, ги поддржува реформските напори во областите на управување со јавните финансии, даночната политика и даночната администрација во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Состанокот претставуваше можност претставниците на земјите-кориснички на програмата, развојните партнери и ММФ да разменат искуства и информации за спроведените фискални реформи, постигнатите резултати и предизвиците, како и да разговараат за идните реформски приоритети.
Во рамки на состанокот беа опфатени трите клучни области на програмата: управување со јавните финансии, даночна политика и даночна администрација. Посебно внимание беше посветено на напредокот во спроведувањето на реформите, научените лекции и идните приоритети во областа на фискалното управување.
Учеството на Управата за јавни приходи на состанокот претставуваше можност за размена на искуства со земјите од регионот и со меѓународните партнери, разгледување на постигнатите резултати, размена на искуства и утврдување на идните реформски приоритети меѓу земјите-кориснички, ММФ, Европската комисија, SECO и другите развојни партнери.
Учеството на овој регионален настан придонесува кон понатамошно унапредување на фискалните реформи и јакнење на соработката со меѓународните партнери.
Годишниот состанок беше организиран од Одделот за фискални прашања (FAD) при Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство (DG ENEST) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO).