Memorandum_mk
29.09.2026
Намалена стапка на ДДВ за определени енергенти од 18% на 10%!

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 28 септември 2026 година донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка. Одлуката ќе отпочне да се применува од 29 септември 2026 година до 24:00 часот на 12 октомври 2026 година.

Управата за јавни приходи укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби. УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување на истите, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Ги повикуваме сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата. 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија