18.08.2026
Унапредување на меѓународното партнерство и соработка со Република Турција!
На покана на Главниот советник на Претседателот на Република Турција и Специјален пратеник за Балканот, г. Сабри Демири, делегација на Управата за јавни приходи денес, 18 август 2026 година, оствари официјална билатерална средба во Република Турција.
Делегацијата, во чиј состав се заменик-директорот Ќемаљ Кроси и раководителот на Секторот за меѓународна соработка, Марјан Михајловски, оствари исклучително продуктивна средба со г. Демири.Во фокусот на разговорите беше:
- Дискусија за важни прашања од заеднички интерес;
- Дополнително зајакнување на институционалната соработка меѓу двете земји.
Продолжуваме да градиме силни меѓународни врски за поуспешна и помодерна даночна администрација!


