Memorandum_mk
УЈП со крводарителска акција ја потврди својата хуманост и општествена одговорност
07.05.2026

Во насока на поттикнување на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност, Управата за јавни приходи во соработка со Институтот за трансфузиона медицина денеска организираше крводарителска акција под мотото „Дарувај крв – дарувај живот“.

По тој повод, директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, истакна дека УЈП не е само институција задолжена за управување со јавните приходи, туку и заедница која активно придонесува кон општеството и поддршката на граѓаните. Таа упати благодарност до вработените кои се вклучија во акцијата и дадоа придонес во спасување човечки животи.

Акцијата „Дарувај крв – дарувај живот“ традиционално се организира во Управата за јавни приходи по повод Денот на даночните службеници – Свети Матеј, а оваа година ја реализираме и надвор од тој термин, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата континуирана заложба за поттикнување на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност. Секоја дарувана единица крв претставува непроценлива помош и можност да се спаси човечки живот. Во оваа прилика упатувам искрена благодарност до директорот и тимот на Институтот за трансфузиона медицина, како и до даночните службеници на УЈП – луѓето кои и денес покажаа дека хуманоста е составен дел од нивната професионална и лична посветеност“, изјави директорката Петрова.
Во рамки на акцијата, крв даруваа повеќе од дваесет вработени, како и заменик-директорот на УЈП, Кемал Кроси.
Директорот на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, Амир Ељези, ја поздрави иницијативата и нагласи дека ваквите активности имаат особено значење за унапредување на крводарителството и подигнување на јавната свест за важноста од дарување крв.
„Кога институциите и нивното раководство со личен пример активно се вклучуваат во вакви хумани активности, тоа претставува силна порака и поттик за граѓаните. Не е пресудна бројката, туку подготвеноста и желбата да се помогне на пациентите кои имаат потреба од крв и крвни продукти“, истакна Ељези.

Крводарителската акција се одржа во просториите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје и наиде на значителен одѕив и заинтересираност, што уште еднаш ја потврдува хуманоста, солидарноста и подготвеноста на вработените да придонесат кон спасување човечки животи.

Управата за јавни приходи и во иднина ќе продолжи да поддржува и реализира активности од хуман и општествен карактер, поттикнувајќи култура на солидарност, одговорност и заедништво.

01_thumb   02_thumb   03_thumb   04_thumb  
 
 
 
 
               
05_thumb              
             
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија