03.04.2026
Даночна сезона 2026 - завршени активностите со рок во февруари
Пресметки на социјални придонеси за земјоделци и верски лица
Во текот на оваа даночна сезона, Управата за јавни приходи прими и генерираше декларации за придонеси за Пензиско и инвалидско осигурување и за Фондот за здравствено осигурување.
Според податоците, во февруари изготвени се 25.460 декларации за пензиско и инвалидско осигурување и 172.517 декларации за здравствено осигурување за земјоделци, како и 1.781 декларација за ПИО и 5.196 декларации за ФЗО за верски лица.
Со навремено поднесување на декларациите и плаќањето на придонесите даночните обврзници си обезбедуваат право на пензиско и здравствено осигурување, како и исполнување на законските обврски кон државата.

