Годишни извештаи за капитални добивки
(ДЛД-ГИ/ДУИФ) и (ДЛД-ГИ/ЦД)
До Управата за јавни приходи во февруари 2026 година поднесени се:
- 4 Годишни извештаи од друштва за управување со инвестициски фондови
- 1 Годишен извештај од Централниот депозитар за хартии од вредност.
Врз основа на доставените податоци, УЈП генерираше вкупно 1.955 решенија за утврдување на данок на личен доход од капитални добивки. Од нив, 530 решенија се однесуваат на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност, а 1.425 решенија на добивки остварени од продажба на удели во инвестициски фондови.
Решенијата се донесени во законски предвидениот рок, доставени до даночните обврзници на адресата на живеење и прикачени на корисничкиот профил на е-Даночни услуги.