Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за пренасочување на погрешно платен данок
Кратко име: УЈП-УН-З.2-40/1
Тип на данок: Сите јавни давачки

Даночниот обврзник може да поднесе барање за пренасочување (образец УЈП-УН-З.2-40) доколку данокот или споредната даночна давачка, кој бил должен да ги плати, наместо на соодветната уплатна сметка за тој вид на данок/споредна даночна давачка, ги уплатил на друга (погрешна) уплатна сметка.

Барањето може да се поднесе по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk или во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште на даночниот обврзник.

Кон барањето задолжително мора да се достави доказ од извршената уплата.

Обврзникот е должен да плати административни такси во износ од 300 денари од кои:

  • 50,00 денари за барањето

  • 250,00 денари за решението

 

Pdf_16   Барање за пренасочување на погрешно платен данок  (319 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија