Memorandum_mk
25.03.2026
Заедно со занаетчиите кон подобра бизнис-клима

Директорката на УЈП м-р Елена Петрова заедно со дел од нејзиниот тим на покана од Занаетчиската комора на Скопје и нејзиниот претседател Горан Ристовски, остварија работна средба и отворен дијалог за сите предизвици со кои се соочуваат занаетчиите.

Во конструктивна и партнерска атмосфера двете страни разговараа за тековните прашања, административните процедури и можностите за нивно поедноставување, со јасна заедничка цел поддршка на занаетчиството како важен сегмент од економијата.

Особен фокус на разговорот беше поедноставениот даночен режим – паушално оданочување на занаетчиите, што во целина со грантовите за започнување бизнис води кон намалување на неформалноста и нефер конкуренцијата. Беа разменети идеи за други мерки за поддршка и поттикнување на формалното работење.

Како институција, остануваме посветени на:

  • Градење доверба преку транспарентност и отворена комуникација
  • Поддршка на малите бизниси и занаетчиите во нивниот раст и развој
  • Поедноставување на процедурите и намалување на административниот товар
  • Сузбивање на неформалната економија
  • Партнерски однос со сите чинители во економијата

Во духот на визијата и мисијата на Управата за јавни приходи, продолжуваме да работиме како сервис на граѓаните и бизнисите, насочени кон модерна, ефикасна и достапна институција. Заедно креираме подобра бизнис клима и сигурна иднина за занаетчиите и сите учесници во економијата.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија