Среда, 15.04.2026 10:30 - 11:30, Кузман Јосифовски Питу бр. 1 (Комплекс банки 2-ри кат)
Управата за јавни приходи ве информира дека на 15.04.2026 година (среда), со почеток во 10:30 часот, директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, ќе одржи брифинг за претставници на медиумите.
Тема на брифингот:
„Оданочување на доход од странство“
Ги покануваме сите заинтересирани медиуми да присуствуваат и да го проследат настанот.
По завршување на брифингот, согласно интересот на медиумите, директорката Петрова ќе даде изјава поврзана со темата.