Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за даночно ослободување за воведен фискален систем на опрема (без ГПРС уред)
Кратко име: ДД-07 (без ГПРС)
Тип на данок: Данок на добивка

Барањето се поднесува во даночниот период, во кој одобрениот систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања е набавен и воведен во употреба, пред поднесувањето на Даночен биланс (образец “ДБ“), во кој се остварува правото на намалување на данокот.

Доколку набавката и воведувањето на фискалната апаратура (до 10 фискални апарати) се врши во повеќе различни даночни периоди, за секој нов воведен систем на фискална апаратура се поднесува посебно барање.

Барањето се доставува најдоцна до 20 јануари, во годината што следи по годината за која барањето се поднесува, односно во годината што следи по годината во која е извршена набавката и воведувањето на одобрениот фискален систем на опрема, до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Доколку ова право не биде искористено во целост, истото се пренесува во наредниот период, се до неговото целосно искористување.

Pdf_16   Превземи го документот  (181 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија