Memorandum_mk
29.01.2015
БРУТО ПЛАТА 2015 - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2015 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 189.864,00 денари (6 x 31.644)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 28.01.2014 година (кликни тука), која го содржи новиот параметар.

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009
 31.644  30.902   30.595 30.591 30.349 29.829 27.507

НАПОМЕНА: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2015 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија