Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
25.07.2025
ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2024 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!

Согласно евиденцијата на УЈП, Ве информираме дека 3.155 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за данокот на личен доход ( „ДЛД-ГДП”) за 2024 година што требаше да се исполни ВО ЗАКОНСКИОТ РОК до 30.06.2025 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овој основ што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

ПЛАТЕТЕ ГО ВАШИОТ ДАНОЧЕН ДОЛГ ВЕДНАШ СО НАЛОГОТ ИЗДАДЕН ОД УЈП!

  • Најавете се на е-Даночни услуги
  • Одберете ја коцкичката (копчето) „Годишна даночна пријава“.
  • На копчето „Преглед“, кое се наоѓа најдесно во редот на излистаните ГДП одберете ја соодветната даночна пријава (година)
  • Одберете го копчето „Печати“ кое се наоѓа во долниот десен дел во прегледот на Годишната даночна пријава
  • Испечатете ја или точно препишете ја третата страница од документот

ВНИМАВАЈТЕ!

Плаќањето може да се изврши само со налог ПП53, во спротивно уплатата нема да биде евидентирана во системот на УЈП!
Доколку погрешно го напишете фолио бројот во цел на дознака, уплатата нема да биде уредна и прокнижена во УЈП и ќе повлече дополнителни трошоци, административна такса и време за повторна уплата со точниот фолио број.

ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ЗАКОНСКИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОТ!
Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечна рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)

Долгот може да биде платен и од трето лице, со тоа што преку опцијата„Плаќање од трето лице“ во Вашиот кориснички профил во е-персонален данок можете да го замените налогодавачот, односно да го наведете ЕМБГ на лицето кое во Ваше име и сметка ќе го плати долгот. Дополнителни информации може да најдете на страната на УЈП, во делот Плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.

ОБРАТЕТЕ СЕ НА ИНФО ЦЕНТАРОТ ВО УЈП доколку:

  • Според Вашата евиденција не треба да имате обврска за плаќање по ДЛД-ГДП
  • Сте извршиле уплата на даночниот долг, но истата не е евидентирана од УЈП
  • Сте крeирале двојна пресметка како исплатувач на доход или физичко лице, од која едната е платена, а другата не со цел евидентирање на Вашата уплата во системот на УЈП. 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија