Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец „Б“).
Даночниот период за кои се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година. Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот ја вршел дејноста.
Обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“ задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат, преку системот е-даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 17-ти март 2025 година (со оглед на тоа што 15-ти се паѓа во неработен ден) за доходот остварен во претходната, како и до Централниот регистар на РСМ.
За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката и поднесувањето на обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“, обратете се до Контакт центарот на УЈП на:
е-пошта: info@ujp.gov.mk
телефон: 0800 33 000; 02/ 3253 200