Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
ГРАДЕЊЕ КОХЕЗИВНА ДИГИТАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА РАЗВОЈ НА НАПРЕДНИ ЈАВНИ ФИНАНСИИ
18.07.2024

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова денес учествуваше на настан Национална Конвенција за Европската Унија во РСМ (НКЕУ-МК) организирано од Европско движење Северна Македонија. Настанот каде што темата беше ,,Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии,, го отвори Министерот за дигитална трансформација г-дин Стефан Андоновски.

Директорката на УЈП Елена Петрова имаше излагање на оваа тема. Во своето обраќање Петрова зборуваше за дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација. Истакна дека новите технологии ги преобликуваа економијата и општеството со создавање на нови производи, услуги и бизнис модели, нови начини на комуникација, работење и трансакции а интернетот е нераздвоен дел од нашиот живот, комуникација преку социјални медиуми, широка достапност на портал решенија, мобилни платформи, клауд технологии, технологии за работа со масовни податоци и напредни аналитички техники, вештачка интелигенција. Сѐ ова рече Директорката дава нови шанси и можности за водење на бизнисите на даночните обврзници и нови можности за администрирање на даноците, поддршка на даночните обврзници, зајакнување на даночната усогласеност и мобилизација на даночните приходи.

Директорката посочи дека Управата за јавни приходи има одредени постигнувања во автоматизацијата на своите процеси и услуги првенствено преку системите за електронско поднесување на даночните пријави. Овие системи уште пред речиси 20 години ги заменија обрасците во хартија, личното поднесување и рачното процесирање.

Понатаму, пред околу 15-тина година се случи воведувањето на системот за интегрирана наплата, а нешто подоцна и системот е-персонален данок. Првенствено преку системите за електронско поднесување на даночните пријави кои го променија процесот на пресметување, пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход и социјалните придонеси, поставувајќи го пријавувањето и плаќањето во моментот кога настанува даночната обврска, со вградени деловни правила во самите системи согласно законите и со поврзување на сите вклучени страни во процесот (исплатувачи, социјални фондови, УЈП, банки) со цел за олеснување и намалување на ризикот за неточно пресметување и плаќање.

Но даночните обврзници сепак и понатаму мораат да прават „напори”, да трошат време и да сносат трошоци – мора да преземаат активни чекори за да ги разберат даночните закони, да ги пресметаат своите даночни обврски и да известат до УЈП истите, да се грижат за точноста на даночните пријави и запазување на роковите, да ги чуваат податоците и документите и сл.

Затоа, сега во УЈП сме пред нов предизвик, но и исправени сме пред можноста УЈП час поскоро да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги (е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи). Тоа се новите можности за намалување на оптоварувањето, времето и трошоците и на даночната администрација и на даночните обврзници, односно, за зголемена ефикасност.

Со дигитализацијата пред нас претстои квалитативна промена во процесот на собирање на даноците и традиционалниот начин и модел на функционирање на даночната администрација во Македонија. Процесите за собирање на даноците треба да се придвижат:

  • од управување со пријави и обрасци (хартиени и електронски), кон управување со податоци
  • од периодични и историски податоци и ретроспективен третман на ризици, кон сигурни и детални податоци за настаните во реално време
  • од рачно и бавно, кон автоматско
  • од неповрзани системи, кон интероперабилни „екосистеми”

Во нашата визија ја гледаме УЈП како даночна администрација во која, постепено, последователните процеси на даночните обврзници за исполнување на нивните даночни обврски ќе бидат интегрирани во нивните деловни системи, како дел од нивниот секојдневен живот и бизнис, преку вградување на даночните правила во нивните деловни софтвери и веб и мобилни апликации. УЈП како администрација во иднина ќе припаѓа на мрежа на интеракции со граѓаните и бизнис субјектите, другите државни органи, банки, меѓународни органи и други „учесници” во интероперабилниот екосистем кој ќе овозможува автоматски тек и валидација на податоци.
Важен претходник на ваквото пошироко поврзување ќе биде зајакнувањето на довербата во користењето на податоците и во безбедноста на системите. Големи се предизвиците за ваква трансформација, но неизбежно е да „фатиме тек” со реалните можности, затоа што промените се случуваат околу нас и никој нема ја чека УЈП – ниту даночните обврзници, ниту новите технологии, ниту даночните измамници - рече Директорката Елена Петрова .

На настанот учествуваше и Аналитичар за податоци од Естонската даночна и царинска администрација г-дин Јури Кивимае, деканот на ФИНКИ г-дин Боро Јакимовски, Драган Тевдовски НКЕУ – МК експерт и професор на Економски факлутет на УКИМ Скопје, Диме Галапчев од Стопанска Комора, Мила Јосифовска Даниловска Метаморфозис и Виктор Митевски од ЗМАИ.

Slika_panoramika_1_thumb   Slika_panoramika_2_thumb   Slika_panoramika_3_thumb   Slika_panoramika_4_thumb  
 
 
 
 
               
Slika_panoramika_5_thumb              
             
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија