Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночна академија - Одржана обука за цариници „Унапредување на знаењата од областа на сметководството и вршење на контрола“
06.12.2011

Скопје - На 30 ноември 2011 година, во просториите на Царинската Управа, се одржа обука за вработените во Царинската Управа на тема „Унапредување на знаењата од областа на сметководството и вршење на контрола“.
На обуката, организирана во рамките на Даночната Академија на УЈП, цариниците имаа можност покрај теоретскиот дел, да работат и на практични примери во делот на законската регулатива за водење на сметководство контен план, годишна пресметка и биланси, како и во делот на стратегијата за вршење на контрола, избор на случаи за контрола, подготовка на контрола, контрола, евалуација на резултатите од контрола и случаи на даночни измами.
Обуките ги водеа предавачи од УЈП: Драган Јакимовски - Главен инспектор во Регионална дирекција Штип, Славица Кироска - Заменик главен генерален инспектор, Соња Велниќ – Началник на даночен инспекторат во Дирекцијата за големи даночни обврзници, Данка Георгиевска - Началник на даночен инспекторат во Регионална Дирекција Скопје.

Img_0391_thumb   Img_0408_thumb   Img_0416_thumb   Img_0439_thumb  
 
 
 
 
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија