Memorandum_mk
Фото галерија
05.03.2010
Сите одговори на едно место! - Нова инфо линија 0800 33 000
Од денеска/5 март 2010 година, услугите на даночната администрација се достапни и преку новоотворениот Повикувачки Центар на УЈП, во рамките на кој функционира телефонската линија 0800 33 000. Со повикување на овој број, даночните обврзници на едно место ќе можат да се информираат за постапките за пријавување и плаќање на даноци, оданочувањето ... Нашите даночни оператори можете да ги добиете секој ден од 9 до 20 часот, освен недела.
 
25.12.2009
Од 1 јануари 2010 – Шеесет нови даночни обврзници кои ќе ги администрира ДГДО
Од 1 Јануари во надлежност на УЈП - Дирекцијата за големи даночни обврзници ќе преминат 60 даночни обврзници, односно вкупниот број на големи даночни обврзници кои ќе ги администрира Дирекцијата од следната година ќе изнесува 235 компании. По тој повод, на 24 декември/четврток/ се оствари средба со претставниците на новите даночни обврзници, на кои им беше презентиран начинот на работа и активностите на Дирекцијата.
 
22.12.2009
Билатерална средба на даночниците од Македонија и Турција
Од 16 до 19 декември 2009 година, во рамките на јакнење на меѓународната соработка со земјите во регионот, на покана на Управата за јавни приходи во Македонија претстојуваше највисокото раководство на даночната администрација од Република Турција. Една од темите на кои се разговараше е и како националните економии на двете земји се соочуваат со ефектите на светската економска криза, како и предизвикот и мерките за имплементација на стратешки планови во услови на намалени економски активности.
 
11.12.2009
Албанските даночници во работна посета на Битола
Во рамките на интензивната меѓународната соработка воспоставена помеѓу даночните власти на Република Македонија и Република Албанија, од 08 до 11 декември 2009 година во Битола, се одржа средба со претставници на Албанската даночна администрација.
 
30.11.2009
Одбележување на Св. Матеј - Денот на даночните работници
По повод Св. Матеј - Денот на даночните работници во Македонија, на 29 ноември 2009 година, во просториите на УЈП Регионалната дирекција Скопје беше организирана пригодна свеченост за даночните службеници од Управата за јавни приходи. Оваа година ПЛАКЕТА за посебен придонес и поддршка на модернизацијата на Управата за јавни приходи ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија