Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Постапка за испитување на имот и имотна состојба против службени лица и функционери

Управата за јавни приходи спроведува постапка за испитување на имотната состојба против избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал ако:

  • лицето не дало Aнкетен лист;
  • ако во Aнкетниот лист не дало податоци;
  • ако не пријавило промена на имотот односно во пријавата дало невистинити и непотполни податоци;
  • ако се утврди дека неговиот имот или имотот на член на неговото семејство во текот на траење на мандатот, односно вршење на должноста или траење на вработувањето е несзразмерно зголемен во однос на редовните примања (плати, дивиденди и други приходи од вршење на дејност или имот).

Барање за поведување на постапка може да поднесе до УЈП и Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за испитување на имотната состојба ја поведува Управата за јавни приходи.
Ако во постапката за испитување на имотот и имотната состојба не се докаже дека имотот е стекнат или зголемен како резултат на примања што се пријавени и оданочени УЈП ќе донесе решение за оданочување со персонален данок.
Основа за пресметување на данокот е разликата помеѓу вредноста на имотот во време на стекнувањето и докажаната висина на средствата за негово стекнување.
Данокот на непријавените приходи се пресметува по стапка од 70%.
На износот на пресметаниот данок што нема да се плати во пропишаниот рок, согласно Законот за даночна постапка се пресметува и наплатува камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија