Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Анкетен лист

Содржината и формата на образецот - Анкетен лист ги пропишува Државната комисија за спречување на корупција и истиот можете да го преземете од веб страницата www.dksk.mk

Начинот на пополнување и доставување на Анкетниот лист е пропишан во самиот образац.

НАПОМЕНА: Со Одлука на Уставниот суд на Р.М. (У.бр.160/2006-0-0 од 10.01.2007 година и „Службен весник на Р.М.“, бр.7/2007) се укина чл.36а став 1 во делот „и проценета пазарна вредност на имотот” од Законот за спречување на корупцијата.(„Службен весник на Р.М., бр.28/02 и 46/04).
Поради тоа, во делот начин на пополнување на „Анкетен лист” при пополнувањето на рубриките означени со:
4) Имот под е) вредност во денари,
5) Подвижен имот под ѓ) вредност во денари
наместо пазарна вредност на имотот треба да ја внесете вредноста на имотот во времето на неговото стекнување.
6) Хартии од вредност и удели под г) вредност,
наместо номинална вредност на хартиите од вредност треба да стои вредноста на хартии од вредност и удели во времето на стекнувањето.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија