- Доколку даночниот обврзник во вид на аконтација платил поголем износ на данок од износот што бил должен да го плати, може од Управа за јавни приходи да бара враќање на повеќе платениот износ. Управата за јавни приходи е должна повеќе платениот данок на добивка да му го врати на обврзникот на негово барање, во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање.
Пребивање на повеќе платениот данок на добивка со месечните аконтации
- Доколку даночниот обврзник не побара враќање на повеќе уплатениот данок, повеќе платениот износ се смета за аконтација за наредниот период.
Пребивање на повеќе платениот данок на добивка со останатите даночни обврски
- Враќањето на данокот се спроведува и со пребивање на повеќе платениот данок на добивка со пристигнатите даночни долгови на даночниот обврзник по друг основ.
- По барањето на даночниот обврзник за враќање или за пребивање на повеќе платениот данок, УЈП донесува соодветно решение. Доколку и по пребивањето се утврди дека даночниот обврзник сеуште побарува данок, Управата за јавни приходи има обврска решението за враќање на данокот да го донесе во најкус можен рок.