Даночни обврзници кои немаат обврска да се регистрираат за целите на ДДВ
За целите на ДДВ немаат обврска да се регистрираат:
- даночните обврзници кои вршат промет ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок без разлика на висината на таквиот промет.
- даночните обврзници кои остваруваат промет помал од 2.000.000 денари.
Ваквите даночни обврзници не долгуваат данок на додадена вредност за своите промети, немаат право да искажуваат одделно данок во фактурите и немаат право на одбивка на претходниот данок.
Доколку искажат одделно данок на додадена вредност во нивните фактури, го должат искажаниот данок и се должни да го платат во рок од пет работни дена по издавање на фактурата. Во исто време должни се да поднесат ДДВ пријава за даночниот период во кој ја издале фактурата.
- Од обврската за регистрација за ДДВ се исклучени и даночните обврзници кои не се резиденти во земјата доколку вршат оданочлив промет за кој даночниот долг преминува на примателот на исполнувањето.
- Даночните обврзници - нерезиденти во земјата кои имаат право на враќање на претходниот данок во посебна постапка.