Memorandum_mk
Даночни намалувања и ослободувања кај капитални добивки (продажба или размена на недвижен имот, хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фондови, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот

На даночниот обврзник му се признаваат:

  • 10% од нормираните трошоци - при утврдувањето на даночната основа се однесуваат на трошоците направени при продажба на хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учеството во капиталот и друг подвижен имот.
  • 10% од нормираните трошоци - при утврдувањето на даночната основа се однесуваат на трошоците направени при продажба на недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата.

Даночни /ослободувања кај капиталните добивки од продажба на недвижен имот

Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот, доколку:

  • обврзникот, кој живее најмалку една година во недвижниот имот пред продажбата, го продава по истекот на три години од денот на стекнувањето;
  • обврзникот го продава недвижниот имот по истекот на пет години од денот на стекнувањето;
  • обврзникот го продава недвижниот имот стекнат по основ на наследување од прв наследен ред;
  • обврзникот недвижниот имот во кој живее најмалку една година пред продажбата, кој го стекнал по основ на подарок од прв наследен ред, го продава по истекот на три години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (дарувачот);
  • обврзникот недвижниот имот, кој го стекнал по основ на подарок од прв наследен ред, го продава по истекот на пет години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (дарувачот);
  • обврзникот го продава недвижниот имот стекнат по пат на денационализација и
  • доходот е остварен од продажба извршена помеѓу брачните другари, како и од страна на брачните другари, извршена на трето лице во случај кога продадениот недвижен имот е во непосредна поврзаност со развод на бракот.

Даночни /ослободувања кај капиталните добивки од продажба на хартии од вредност

Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на хартии од вредност доколку:

  1. обврзникот ги стекнал со емисија на хартии од вредност реализирана како иницијална јавна понуда;
  2. oбврзникот ги продава хартиите од вредност, кој ги стекнал по основ на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот);
  3. обврзникот ги продава хартиите од вредност кои ги стекнал по пат на денационализација;
  4. обврзникот ги продава долгорочните должнички хартии од вредност издадени од државата и долгорочни должнички хартии од вредност издадени од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Даночни /ослободувања кај капиталните добивки од продажба на удели издадени од инвестициски фондови

Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на удели од инвестициски фондови доколку oбврзникот ги продава уделите во инвестициски фондови, кој ги стекнал по основ на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот).

Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од удели во инвестициски фондови, при замена на удели од еден во друг инвестициски фонд со кои управува исто друштво за управување.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија