Упатството за преодните одредби на Законот за данок на додадена вредност (ДДВУПО) се однесува на Управата за јавни приходи и е обврзувачко за вработените во неа. Упатството ДДВУПО обработува прашања од општо значење поврзани со преодните одредби на Законот за данокот на додадена вредност (ЗДДВ) кои бараат нивно толкување со цел да се обезбеди единствена примена на овие одредби. Покрај тоа, овој акт содржи одредби за тоа, како да се постапува во одредени случаи со цел да се избегне престрога и скапа примена на одредбите, како и со цел да се поедностави истата.
|