Memorandum_mk
Преглед на законска регулатива
Уредба со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба
Име: Уредба со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба
Објава: “Службен весник на РСМ“, број 103/2020 и 140/2020
Важи од: 29.05.2020 

Согласно член 75 од Законот за данок на личен доход, физичко лице кое донира финансиски средства на буџетски корисник согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба има право на намалување на данокот на доход утврден во годишната даночна пријава во висина од 20% од годишниот даночен долг на давателот на донацијата, но не повеќе од 24.000 денари.

За остварување на даночното поттикнување физичкото лице - давател на донацијата до органот за јавни приходи доставува извештај по електронски пат преку e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 31 јануари наредната година.

Pdf_16   Уредба со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба  (51 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија