Користењето на UJP.GOV.MK е со целосно прифаќање на Полисата и условите за користење, на сите подолу наведени правила, услови, ограничувања и известувања за корисникот.
Со користењето на UJP.GOV.MK, корисникот се согласува и истовремено ги прифаќа Полисата и условите за користење на UJP.GOV.MK.
Условите за користење на UJP.GOV.MK се составен дел и јавно се објавени на секоја веб ujp.gov.mk апликација управувана и во сопственост на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи го задржува правото да ги менува Условите за користење, односно правилата, условите, ограничувањата и известувањата за користење на UJP.GOV.MK, вклучувајќи ги, но и неограничувајќи се на трошоците поврзани со употребата на UJP.GOV.MK.
|